Дела на Томо Владимирски Музеј Битола

Владимирски е поет на македонскиот пејзаж, сликар кој умеел да ја преточи убавината на македонските предели во прекрасни дела

По повод 120 години од раѓањето на Томо Владимирски на 8 ноември во малата сала на НУ Завод и музеј Битола во 19 часот ќе биде отворена изложба на Томо Владимирски, еден од основоположниците на македонскиот модернизам во ликовната уметност.

По повод одбележување на јубилејот, презентирани се дела кои го прикажуваат неговиот вистински печат и препознатливост, оној сижеен корпус со кој Владимирски оставил неизбришлива трага во македонската модерна основоположничка генерација, а тоа е пејзажот и неговиот специфичен македонски колорит.

Владимирски е поет на македонскиот пејзаж, сликар кој умеел да ја преточи убавината на македонските предели во прекрасни дела. Истовремено, тие се и сведоштво за односот на човекот кон природата кој забрзано се менува во современата констелација од развојот на нашата планета во кој доминира човекот – периодот наречен антропоцен.

Со своето творештво тој остави трајни вредности кои се дел од националното културно богатство, како важен дел од развојот на македонскиот модернизам во ликовната уметност.

Реализацијата на оваа изложба е во рамки на меѓуинституционална соработка со Националната Галерија, куратор Д-р Ана Франговска, раководител на проектот е м-р Сандра Котевска.

Поддржано од Министерство за култура

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни