Дали замрзнатото овошје и зеленчук се здрави?

Една од вечните дилеми кога купуваме замрзнато овошје и зеленчук е дали тие имаат исто количество нутриенти како свежите и дали воопшто се здрави за нас

Со постудените денови на пазарите има се помалку свежи производи, па луѓето почесто се одлучуваат за замрзнато, особено кога станува збор за сезонско овошје како што се јагоди или малини. Една од вечните дилеми кога купуваме замрзнато овошје и зеленчук е дали тие имаат исто количество нутриенти како свежите и дали воопшто се здрави за нас.

Освен што е достапно преку целата година, замрзнатото овошје и зеленчук често е многу поевтино.

“Зеленчукот и овошјето се дел од правилната исхрана во било кој облик”
Нутриционистите велат дека нездравата храна е исклучиво здравствено неисправна храна, односно расипана. Нема ништо лошо во замрзнувањето како алтернатива, на пример зимно време, кога не ни се достапни толку свежи производи како во некое друго време. Зеленчукот и овошјето секогаш се дел од правилната исхрана, во било кој облик, затоа што без оглед на сè, тие содржат високо квалитетни состојки кои ни користат, дури и ако ги има во помала количина.

“Некои замрзнати производи се поквалитетни”
Нутриционистката објаснува дека сите овошја и зеленчуци, по берењето, со текот на времето полека губат одредени нутриенти.

“Овој губиток се случува поради процесот на клеточно дишење, бидејќи растенијата, иако ‘живи’ по берењето, не можат повеќе да ги надоместат нутриентите преку почвата. Клеточното дишење е процес во кој клетките користат шеќери и кислород за производство на енергија, ослободувајќи јаглерод диоксид, вода и топлина. За време на овој процес се губат шеќери и скроб, и така растението го губи вкусот, витамин Ц кој оксидира при допир со воздух и топлина, витамините од Б групата полека се разградуваат, а оксидацијата влијае и на полифенолите, пигментите и другите фитонутриенти, со што растението ја губи бојата, текстурата и на крај се расипува.

Оладувањето и замрзнувањето веднаш по берењето ги прекинуваат овие процеси, така што можеме да кажеме дека некои замрзнати производи се поквалитетни од незамрзнатото растение кое е собрано и стои надвор веќе некое време. Со навремено замрзнување се губи многу мал процент на нутриенти, а мораме да знаеме дека и растението кое изгубило 80% од нутриентите сè уште има 20% кои не можеме да ги внесеме скоро ни од ниту еден друг тип на производ. Значи, се уште е вредно за консумирање”, велат нутриционистите.

Како правилно да се замрзне овошјето и зеленчукот?
За да се зачуваат максимално нутриентите, овошјето и зеленчукот најдобро е да се замрзнат веднаш по берењето, објасни нутриционистката.

“Oвошјето најчесто не се обработува термички, а зеленчукот го бланшираме 1-5 минути за да ги деактивираме ензимите кои би предизвикале прерано пропаѓање на производите или за да ја зачуваме пигментацијата, т.е. бојата на производот. По краткото бланширање, зеленчукот се мие со студена или ледена вода и потоа се замрзнува, исечкан на помали парчиња, ако е можно. Препорачливо е храната да се пакува во вакуумски кесички за замрзнување од кои е исцеден воздухот.”

“Зеленчукот кој се обработува термички е брокула, карфиол, морков, грашок, зелени зрна, спанаќ, блитва, кељ, капуст, пиперка, пченка, аспарагус, тиквица, репа, цвекло и батат”.

Домашно против купено
Дали е подобро во сезоната да купиме или собереме овошје и зеленчук и да го замрзнеме или дали добар избор е и готовото замрзнато овошје и зеленчук од продавниците?

“Ако немаме опција за домашно, купените замрзнати производи најчесто се на високо ниво на квалитет затоа што тие се замрзнуваат во сезоната. Исто така, во индустријата, храната се замрзнува нагло на -18 степени, што дополнително осигурува дека нема да се изгубат нутриентите и не се кине структурата на клетката на растението. Споро замрзнување, најчесто домашно, создава големи кристали на лед кои ја кршат структурата на производот и тој станува малку мек од свежиот, но тоа не претставува проблем за здравјето.

Важно е и спората одмрзнување на храната, на пример преку ноќ во фрижидер, а не на собна температура, затоа што тоа ја зачувува структурата и нутриентите на производот. Ако сакате да замрзнете нешто што сте купиле свежо во супермаркет или што веќе некое време стои надвор од земјата, препорачувам да го направите тоа, без оглед на губењата, ако ќе ви помогне во подготовката на јадења во иднина или ќе спречи фрлање на храна.”

“На крајот, храната е повеќе од само витамин Ц или полифеноли, а растителната храна секогаш ќе има висока количина на витамини и минерали кои не можеме да ги најдеме, на пример, во млечни производи. Како таква, важно е да се консумира во било кој облик, па дури и конзервирана, особено ако немаме алтернатива”.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни