Цветин со „Цвеќе на мирот“ по повод 80 години од Хирошима и Нагасаки

По повод осум децении од фрлањето на атомските бомби врз Хирошима и Нагасаки, македонскиот сликар и хуманист Живко Поповски – Цветин организира изложба со наслов „Цвеќе на мирот“, со која повторно ја пренесува својата порака за ненасилство и хуманост преку уметноста.

Изложбата ќе биде отворена на 6 август (среда), во 12 часот, во галеријата „Метаноја“ на улицата Максим Горки бр. 19 во Скопје.

Познат по својот препознатлив стил и симболиката на цветот како универзален знак на љубов и мир, Цветин со децении создава уметност која се обраќа на совеста на поединецот. Неговите дела се наоѓаат во над 50 земји ширум светот, а цвеќето што го слика постојано е посветено на хуманизам, толеранција и мирна иднина.

Со оваа изложба, Цветин ја продолжува својата долгогодишна мисија – преку боите и формата да зборува гласно за потребата од сочувство и солидарност, особено на денови кога светот се сеќава на едни од најтемните страници од историјата на човештвото.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни