Изложбата ќе биде отворена на 6 август (среда), во 12 часот, во галеријата „Метаноја“ на улицата Максим Горки бр. 19 во Скопје.
Познат по својот препознатлив стил и симболиката на цветот како универзален знак на љубов и мир, Цветин со децении создава уметност која се обраќа на совеста на поединецот. Неговите дела се наоѓаат во над 50 земји ширум светот, а цвеќето што го слика постојано е посветено на хуманизам, толеранција и мирна иднина.
Со оваа изложба, Цветин ја продолжува својата долгогодишна мисија – преку боите и формата да зборува гласно за потребата од сочувство и солидарност, особено на денови кога светот се сеќава на едни од најтемните страници од историјата на човештвото.