Членовите на прилепскиот мото клуб „Рисови“ со новогодишни пакетчиња за Дневниот центар „Ѕуница“

Членовите на прилепскиот мото клуб „Рисови“ денеска ги посетија штитениците во Дневниот центар за лица со попречености „Ѕуница“ и пред новогодишните и божиќните празници им поделија новгодишни пакетчиња. 

– Традиционално, секоја година пред Новгодишните и Божикните празници ги посетуваме штитениците во дневниот центар „Ѕуница“. Им подаруваме новгодишни пакетчиња како еден мал начин на внимание дека не ги забораваме. Нашата пораке е дека има деца на кои треба уште повеќе да им обрнеме внимание. Еден апел до сите, без разлика кои се, да одделат еден момент за радост на децата во Ѕуница, рече Блаже Милчиноски, претседател на мото клуб от од Прилеп „Рисови“.

Истовремено, во Дневниот центар „Ѕуница“ новгодишни пакетчиња им подели и ги посети и заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески.

Дневниот центар „Ѕуница“ во Прилеп постои 22 години и еден од најстарите Дневни центри во земјава. Дневно се згрижени 20-тина лица со попречености. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни