БРИКС подготвува нов платен систем

Алијансата БРИКС се подготвува да ја намали доминацијата на американскиот долар со лансирање на нов глобален платен систем. Овој потег може да донесе длабоки промени во начинот на кој се извршуваат меѓународните трговски трансакции.


Во следната деценија, прекуграничните плаќања би можеле целосно да се ослободат од зависноста од доларот, пренесува Investitor.me.

Лавров: Новиот систем доаѓа наскоро
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, потврди дека БРИКС активно работи на создавање на нов платен систем кој радикално се разликува од постојните и може да ги раздрма финансиските пазари. Американскиот долар нема да има никаква улога во трансакциите, а повеќето трговски договори ќе се реализираат со алтернативни методи на плаќање.

Отворен и за земји надвор од БРИКС
Новината кај овој систем е што ќе биде достапен и за земји кои не се членки на БРИКС. Според Лавров, трансакциите ќе може да се извршуваат во локални валути, без потреба од долар.

„Има неколку иницијативи што се разгледуваат во рамки на БРИКС. Една од нив е бразилскиот предлог за создавање алтернативна платна платформа, на која веќе се работи. Убеден сум дека и земји надвор од БРИКС ќе имаат пристап до овие механизми кога ќе бидат имплементирани“, изјави Лавров.

Тој исто така нагласи дека новиот систем нема да зависи од SWIFT мрежата, која е под силно влијание на САД и Европа.

„Постојат можности за формирање платформи независни од надворешни влијанија. Еден пример е системот за финансиски пораки на Централната банка на Русија, кој е ефикасен и функционира без да се потпира на SWIFT“, додаде Лавров.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни