HBO официјално ја потврди четвртата сезона на култната серија на Мајк Вајт, а овој пат приказната ќе се пресели таму каде што гламурот е стил на живот – на француската ривиера.
Хаваите ни изгледаа како разгледница, Сицилија не пречека со барокна страст, Тајланд со своите егзотични градини. Сега, новото поглавје ќе ја отвори вратата на Grand-Hôtel du Cap-Ferrat, легендарен хотел врежан во историјата на европската аристократија и холивудските икони. Зад неговите тераси со поглед кон Медитеранот ќе се испреплетат нови тајни, интриги и неизбежна иронија.
Иако HBO сè уште вешто ги чува деталите за радњата и кастингот, шоуренерот Вајт не ја крие својата намера да врати неколку стари ликови. Замислете сцена во која се среќаваат Шејн од првата сезона, Камерон од втората и Саксон од третата – три различни генерации, три темпераменти, три експлозивни егои зад еден масивен хотелски стол. Таквите пресврти би можеле да ја подигнат серијата на сосема ново ниво.
Но, не сите вести ги израдуваа фановите. Кристобал Тапија де Вер, авторот на хипнотичната и препознатлива музика на „Белиот лотос“, нема да се врати поради креативни несогласувања. Со тоа, четвртата сезона ќе донесе и нов музички правец – ризичен, но можеби неопходен за да се одржи свежината на серијата.
Продукцијата започнува на почетокот на 2026 година, а премиерата се очекува кон крајот на 2026 или почетокот на 2027. Чекањето ќе биде долго, но ако нешто научивме од претходните сезони, тоа е дека „Белиот лотос“ никогаш не е само серија. Тој е луксузна разгледница што зад совршената фасада секогаш крие нешто мрачно, возбудливо и длабоко вознемирувачко.
А ако човечките слабости, алчноста и желбите беа толку јасно оголени на Хаваите, Сицилија и Тајланд, тогаш француската ривиера – каде шампањот тече во бескрај, а зад секоја насмевка може да се крие предавство – изгледа како совршена сцена за нова доза на темен хумор и бескомпромисна драма.
Извор: N1info.rs