Белгија уапси лице со Молотов коктел пред израелската амбасада, вели МНР на Израел

Белгиските безбедносни служби во петок навечер уапсиле сомнителна личност пред израелската амбасада во Брисел, соопшти Израелското министерство за надворешни работи преку социјалната мрежа X.

Според објавата, лицето имало Молотовлев коктел, но не беа дадени дополнителни детали. Министерството истакна дека „сите вработени во амбасадата се безбедни“.

Белгиската полиција сѐ уште не ја потврди информацијата и не даде детали за можните мотиви на осомничениот.

Ова се случува по неколку слични инциденти во Европа: во јули полицијата во Копенхаген испитуваше сомнителен пакет испратен до израелската амбасада, а во февруари е уапсен осомничен во Берлин кој, според обвинителите, планирал „политички мотивиран“ напад врз израелската амбасада и имал намера да се приклучи на групата Исламска држава (ИС) во Пакистан.

Не е познато дали осомничениот во Белгија имал слични намери.

Извор: Euronews

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни