Ана Опачиќ, режисерка и директорка на „Бич филм фестивал“

Ана Опачиќ: На плажа, на брод, на Сараиште, уникатни филмски проекции на BFF

Во Охрид, од 19 до 23 јули на четири локации ќе се одржи шестото издание на Фестивалот на нов европски филм Beach Film Festival.

Станува збор за интердисциплинарен настан кој е фокусиран на развојот, односно презентацијата на новиот европски филм и неговата идентификација како посебен културолошки феномен. Со својот иновативен концепт, Beach Film Festival се издвојува од досегашните фестивалски стандарди.

Планирани се проекции на осум долгометражни, 16 краткометражни филмови, девет студентски, пет француски и четири специјални проекции.  Голем дел од филмовите селектирани на фестивалот се селектирани и наградувани на реномирани светски фестивали како Sundance, Berlinale, Cannes Film Festival итн.

Фестивалот се отвора со краткометражниот филм „Сценарио“ на Александра Кардалевска и долгометражниот филм „Преекспонирано“ на Елеонора Венинова, а ќе се затвори со словеначкиот  филм „Нешто слатко“. Филмска екипа од филмовите Јелена Јованова, Сашко Коцев, Елеонора Венинова, Гоце Кралевски, Александра Карделевска ке ги претстават своите филмови пред охридската публика“, изјави за Трн, Ана Опачиќ, директор на фестивалот.  

Трн: Критериумот за учество на BFF е да биде актуелен или релативно нов европски филм, направен годинава или лани. Сепак, продукацијата е огромна, кои други филтери или критериуми ги имате при изборот на програмата?

Ана: Токму така, последниве години се случува експанзија во филмска уметност бидејќи  многу полесно и подостапно е да се сними филм, барем во европски рамки, оние рамки кои што сеуште слават авторство. Таа хиперпродукција и фестивалот го засега бидејќи секоја година стигнуваат илјадници филмови. Селекцијата ја прават програмски селектори и нив им е во фокус да е првиот или вториот филм на режисерот, со акцент на медитеранска кинематографија, која што по сензибилитет е блиска на фестивалот. Со оглед дека луѓето се на годишни одмор додека трае фестивалот сакаме публиката после секоја проекција да замине задоволна, така што во нашиот репертоар ке може да се најде филм за сечиј вкус, а годинава жанровски сме фокусирани на комедии, драми и coming of age филмови.

Трн: Дали и годинава ќе биде бесплатно гледањето на филмовите во рамки на фестивалот?

Ана: За време на Ковид, фестивалскиот тим одлучи една година проекците да бидат беспплатни. Тоа беше најмалку што можевме да направиме за публиката со надеж дека во тој период ќе можат  безгрижно да заборават на оно на кое што континуирано бевме изложени. Годинава филмските проекци на Сараиште и градина на Младински центар Охрид се бесплатни, а плажа Славија и брод Армада се со симболични влезници.

Трн: Шеста година се организира овој фестивал, колку научивте од претходните и дали за секое издание имате некои новини кои ги воведувате?

Ана: Знаете какви се некои професори во училиштата кои што откако ќе земат диплома веќе ништо не читаат, не се надградуват и остануват на едно ниво? Тоа нема да допуштиме да се случи со БФФ. Како човек кој што континуирано вложува во себеси и се развива исто така и фестивал расте и го  менува point of view со текот на годините.

Трн: На колку локации и на кои ќе се одвива овој фестивал? Дали е голем предизвикот да се постави филм на брод за каде претпоставувам има најмногу интерес?

Ана: Фестивалот ке се одржи годинава на 4 локаци – главната е плажа Славија,потоа брод Армада, те на две нови локаци Сараиште и градината на Младински центар Охрид. Досега во овие 6 години фестивал се реализираше на 15 различни локаци, а со оглед дека Охрид има цркви на 365 локаци сосема јасно станува збор за град кои што не престанува да инспирира, така да следна година сосема сигурно публиката може да очекува новости по тоа прашање. Едно доживување е да се гледа филм во кино сала а сосема друго е да се гледа филм на брод кој што плови по езеро. Се слушат бранови, во позадина го гледате Охрид како филмска рзгледница, цел осветлен, а вие во темница на езеро. Најголем предизвик на кој што човек не може да влијае кога станува збор за овие проекци на брод е времеменските услови, т.е. дали ке има бранови. Но, искусниот капетан на бродот Армада секоја година знае по која рута да плови, за да публиката не почувствува ништо.

Трн: Филмското жири доделува четири награди. Кој е годинава во жири комисијата и колку филмови се вклучени во официјалната селекција?

Ана: Жирито доделува награда за најдобар долгометражен филм и за најдобро актерско остварување во долгометражен филм. Наградата за најдобро актерско остварување носи име на проф. Стефан Сидовски, кои што освен што самиот режираше и пишуваше сценарија исто така и глумеше во сите свои филмови. Во спомен на него една награда носи негово име. Комисијата исто така одлучува и за најдобар краткометражен филм, а награда за студентски филм е во рацете на публиката. Годинава во жири комисијата е шпанскиот режисер Мiguel Llansó, српската продуцентка Јована Јовичиќ и македонскиот актер, режисер, музичар Ивица Димитријевиќ.

Трн: Кој стои зад овој проект и од кого имате поддршка и соработка?

Ана: Зад Бич филм фестивал шест години стои истиот тим на луѓе кои се тука од првиот ден. Велат дека седма година во бракот е ризична, ама мислам дека тоа за овој тим не важи бидејќи уште од сега размислуваме за следна година, имаме нови планови и се радуваме на зимата која  следува затоа што во тој период додека се грееме со топла шоља чај почнуваме да мечтаме за ново издание на БФФ. Од првата година имаме поддршка од Агенција за филм која ги поддржува нашите замисли, така се надевам дека ке биде и во иднина за која што планираме отворање во амфитеатарот, потоа град Охрид со кој што годинава ке потпишемо офиициален меморандум и Бич филм фестивал ќе се преименува во Охрид филм фестивал,  Министерство за култура, исто така и Кинотека на Македонија, Француски инстит, European film challenge, а секако ни е важна и соработка со комерциални спонзори како Халкбанк којашто со години не поддржува и се залага за развој на култура, Дм дрогери кои што со својот летен асортиман совршено ја заокружуваат оваа летна приказна и многи други… Исто така не смеам да ги заборавам волонтерите, срцето на фестивал, прекрасни млади луѓе кои што ни станаа втора фамилија. А всушност позади Бич филм фестивал стои многобројна публика, ако не беше публиката немаше ни да постои фестивалот!

Како дел од програмата на 6.  издание на Beach Film Festival ќе биде и настанот „Ние под ѕвездите“, самостојна изложба на фотографии на младиот фотограф Riste Spiroski Photography.

Ристе, најголемиот дел од животот го поминува бркајќи моменти во природата и ѕвезденото небо. Тие моменти се најдоа на многу од светските медиуми како NASA, а оваа година истите ќе бидат споделени со сите нас. Музиката е секогаш исто така неизбежен дел од од овој фестивал.

Најново

Последни колумни