Аудио-визуелна инсталација „Ноксиа“ во „Books & Dogs Café“

Во надворешниот простор на локалот „Books & Dogs Café“, вечерва, ќе биде поставена аудио-визуелната инсталација „Ноксиа“.

Како што информираат од авторскиот тим на „Ноксиа“, проектот интегрира транс-медиуми кои со поврзување на алатките на генеративната вештачка интелигенција прикажува комуникациски можности и дисфункционалности

– Дигиталнaта комуникација со виртуелните соговорници е функционално истражување на аудио-визуелната инсталација која поврзува уметничко видео, звучен дизајн, актерска игра и поезија. Инсталацијата интегрира експериментално прикажување на специфична локација (site-specific), стои во соопштението.

Проектот го сочинуваат видео-авторката Вероника Камчевска, аудио продуцентот Горан Москов, актерката Јасмина Василева и поетите Елена Пренџова и Владимир Петровиќ.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни