АРНО, водечка организација за поддршка на социјалното претприемништво во регионот, го одбележа Светскиот ден на социјалното претприемништво и петгодишнината на успешната програма RISE (Regional Incubator for Social Entrepreneurs) со свечен настан во Центарот за социјални претпријатија во Скопје.
На овој значаен настан присуствуваа млади социјални претприемачи, дипломати, национални поддржувачи и регионални партнери.Програмата RISE, која во последните пет години работи со десет партнери, обезбедува поддршка на млади од Западен Балкан со иновативни идеи за бизниси кои имаат позитивно влијание на заедниците и животната средина.
За време на своето постоење, RISE постигна импресивни резултати: поддржани се 508 млади социјални претприемачи, инкубирани се 48 социјални бизниси, а преку програмата за мобилност, 43 тима ја зајакнаа регионалната соработка. На национално ниво, инвестирани се 20.000 евра во развој на македонски социјални бизнис идеи, вклучувајќи градинка на отворено во Штип и онлајн еко платформа.
Настанот започна со говори од значајни личности, меѓу кои и Филип Маршето, прв советник во Француската амбасада. Тој изрази поддршка за развојот на социјалното претприемништво и важноста на иновациите во овој сектор.Панелот „Жива библиотека“ им овозможи на младите претприемачи да споделат свои лични приказни. Публиката имаше можност да слушне за иновативни проекти како што е производството на био кожа од комбуха и собирањето кори од портокал за еко-освежувачи.„Овој јубилеј не е само прослава на пет неверојатни години,“ изјави Јаневска од АРНО. „Тоа е ветување за продолжување на поддршката. Социјалното претприемништво е движење кое добива сè поголем моментум.“Настанот вклучуваше и поп-ап изложба на производи и услуги развиени од зелени и социјални претпријатија, демонстрирајќи иновации и креативност во овој сектор. Оваа прослава не само што ја истакна важноста на социјалното претприемништво во регионот, туку и поттикна нови иницијативи за создавање позитивен импакт во заедниците.