Архив на јавни собири: 55.000 луѓе присуствуваа на собирот на Вучиќ -„Не ја даваме Србија“

На собирот „Не ја даваме Србија“, присуствуваа функционери на владејачките партии и илјадници граѓани доведени со автобуси од различни делови на Србија. Собирот заврши по говорот на претседателот Вучиќ, кој ги претстави своите пет барања како одговор на студентските протести.

На почетокот на собирот „Не ја даваме Србија“, кој вчера се одржа во Белград, присуствувале околу 55.000 луѓе, соопшти Архивата на јавни собири. Како што се наведува, бројот е проценет според снимките направени во 19 часот.

Собирот го зафатил плоштадот пред Домот на Народното собрание, Плоштад Никола Пашиќ и Булеварот на кралот Александар до крстосницата со улицата Десанка Максимовиќ.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ, повикувајќи се на проценка на полицијата, изјави за време на својот говор дека на собирот „Не ја даваме Србија“ имало околу 145.000 луѓе, но додаде дека според него имало и повеќе.

Од друга страна, претседателот на опозициската Партија на слобода и правда (ССП) Драган Ѓилас изнесе најниска проценка, тврдејќи дека на собирот имало „едвај дваесетина илјади луѓе“.

„Со сета можно логистика и илјадници автобуси, едвај дваесетина илјади луѓе на ‘најголемиот собир во историјата на Белград’ според Вучиќ. Од Белграѓани не дојде никој, освен (министерот за финансии) Синиша Мали и (сопственикот на телевизијата Пинк) Жељко Митровиќ“, напиша Ѓилас на социјалната мрежа Икс (X).

На социјалните мрежи и во медиумите се појавија снимки на кои се гледаат групи присутни како го напуштаат собирот дури и пред Вучиќ да го заврши својот говор.

По собирот, комуналните служби во Белград имаа полни раце работа. Како што пренесуваат медиумите, по завршувањето на собирот, на улиците во Белград останала голема количина ѓубре зад приврзаниците на Александар Вучиќ.

На терен веднаш биле упатени екипи на комуналните служби кои се обидуваат да го исчистат просторот околу Народното собрание на Србија.

На собирот „Не ја даваме Србија“, присуствуваа функционери на владејачките партии и илјадници граѓани доведени со автобуси од различни делови на Србија. Собирот заврши по говорот на претседателот Вучиќ, кој ги претстави своите пет барања како одговор на студентските протести.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни