Според студијата на научниците од Универзитетот во Ексетер и Хертфордшир во Англија, откриено е дека растителниот свет, главно мов, се зголемил повеќе од 10 пати во изминатите 40 години, објави Си-Ен-Ен.
Вегетацијата покривала помалку од еден квадратен километар од најиспакнатиот полуостров на Антрактикот во 1986 година, но ќе достигнала речиси 12 квадратни километри до 2021 година, покажа студијата.
Иако Антарктикот сè уште е речиси целосно снег и мраз, тој мал зелен простор драматично се зголеми од средината на 1980-тите, рече Томас Роланд, автор на студијата и научник за животна средина на Универзитетот во Ексетер.
Антарктикот, најстуденото место на Земјата, неодамна беше погодено од екстремни високи температури. Летово делови од Антарктикот забележаа температури кои се искачија и до 10 степени.
Како што загадувањето со фосилни горива продолжува да го загрева светот, Антарктикот ќе продолжи да се загрева што значи дека позеленувањето веројатно само ќе се забрза, предвидуваат научниците. Колку е позелен полуостровот, толку повеќе ќе се формира почва и толку е поголема веројатноста регионот да стане поповолен за инвазивни видови, потенцијално загрозувајќи го домородниот див свет.