Ангела Василевска е новата претседателка на УСС УКИМ

Василевска е студентка на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), трета година на студискиот смер Примена на информациски технологии

Ангела Василевска е новата претседателка на Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Tаа беше избрана вчера, на втората седница на УСС УКИМ.

Василевска е студентка на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), трета година на студискиот смер Примена на информациски технологии.

Мандатот на новоизбраната претседателка, заедно со мандатот на новиот состав на делегати, официјално започнува на 1 ноември.

Василевска ќе го замени досегашниот претседател Александар Николовски кој на чело на Собранието беше две години.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни