Алтернатива без граници: Мртов Коњ носи музички бран низ Скопје

Издавачката куќа Мртов Коњ најавува недела полна со музички и уметнички настани, кои од 8 до 12 септември ќе го преплават Скопје со осум различни програми, меѓу кои концерти, радио изведби и работилница.

На сцената ќе настапат домашни и меѓународни артисти од Хрватска, Америка, Италија и Виетнам, нудејќи разновиден и автентичен алтернативен израз кој не признава жанровски или географски граници.

🔸 08.09 — Стражар во живо на Канал 103
Неделата започнува со целовечерен настап на Стражар (Мартин Џорлев), кој ќе се одржи во живо во студиото на Канал 103, со почеток во 20:00 часот, како начин да се одбележи Денот на независноста преку сурова и ангажирана звучна експресија.

🔸 09.09 — Garage Punk вечер во Паб Ѕе
Во понеделник од 21:00, во Паб Ѕе настапува хрватското гараж-панк трио Dad Joke, со поддршка од локалните Кајзер Созе. Очекувајте бучна, енергична и андерграунд атмосфера.
📎 Настан на Facebook

🔸 10.09 — Sound Escapes @ Буква
Во вторник, од 19:00 часот во Буква, ќе се одржи Sound Escapes – мултимедијален настан што вклучува работилница за теремин и настапи на Александар Ордев и Improof, кои ќе понудат нови перспективи на звучната уметност.
📎 Настан на Facebook

🔸 11.09 — Tашмагандаз @ Кино Фросина, МКЦ
Средата е резервирана за проектот Ташмагандаз, импровизациска супергрупа составена од Јордан Костов, Там Пхам, Никола Коџабашија, Ник Де Карло, Марко Печеновиќ и Александар Галевски, кои ќе настапат во Кино Фросина (МКЦ). Со својот експериментален пристап, тие ветуваат воинствена и неочекувана аудио авантура.
📎 Настан на Facebook
🎟️ Билети

🔸 12.09 — Passepartout Duo + Алембик @ КИЦ
Неделата кулминира во КИЦ, каде настапуваат Passepartout Duo (Италија/Америка) – уметнички тандем кој се прослави со своите иновативни инструменти и континуирани турнеи низ светот. Во 2021 го создаваат првиот електромагнетен синтисајзер — Chromaplane, со кој во 2025 ја освојуваат првата награда на Guthman Musical Instrument Competition.
На истата вечер ќе настапат и Алембик, локален аудио-визуелен проект кој исто така истражува граници помеѓу звук и форма.
📎 Настан на Facebook
🎨 Дизајн на настанот
🎟️ Билети

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни