Папата Франциско почина на 89-годишна возраст.
На 14 февруари беше хоспитализиран во болницата Џемели во Рим поради двострано воспаление на белите дробови. За време на лекувањето доживеа неколку епизоди на респираторна инсуфициенција и му беше потребна неинвазивна механичка вентилација. Иако минатиот месец беше пуштен од болница, вчера се појави пред верниците за Велигден во Ватикан.
Изјави кои го одбележаа неговиот понтификат:
За ЛГБТ заедницата:
- „Ако некој е геј и го бара Господ со добра волја, кој сум јас да му судам?“ (2013, лет од Бразил)
- „Бог ги сака сите свои деца, токму такви какви што се.“ (2023, за Associated Press)
- „Хомосексуалците имаат право на семејство. Тие се Божји деца и имаат право на заедништво.“ (2020, документарецот Francesco)
За мигрантите:
- „Мигрантите не се закана за нашата култура. Тие се луѓе кои бараат мир.“ (2019)
- „Мигрантите се симбол на сите одбиени од општеството.“ (2018)
- „Не подлегнувајте на дискриминаторски наративи кои предизвикуваат непотребна болка.“ (2025, писмо до американските епископи)
За сиромаштија, нееднаквост и корупција:
- „Оваа економија убива. Не може да се фрла храна додека луѓе гладуваат.“ (2013)
- „Земја, дом и работа се три основни човекови права.“ (2014)
- „Корупцијата смрди.“ (2014)
За војната:
- „Војната секогаш е пораз. Никогаш не е решение.“ (2022)
- „Војната е пораз на политиката и човештвото.“
- „Војната е светогрдие против човечкото достоинство.“ (2022)
За жените, младите и постарите:
- „Жените се неопходни во носењето одлуки во Црквата.“ (2020)
- „Млади, не плашете се да сонувате големи соништа и да го промените светот.“ (2019)
- „Отфрлањето на постарите е грев. Тие се чувари на нашето колективно сеќавање.“ (2014)
За екологијата:
- „Не можеме повеќе да гледаме настрана од еколошкото уништување.“ (2015, енциклика Laudato si’)
- „Земјата е наш заеднички дом, а ние ја ограбуваме безмилосно.“ (2021)
Со овие зборови и дела, папата Франциск останува запаметен како еден од најотворените, најхумани и најгласни лидери на Католичката црква.