Академски пленум, Србија: Изјавата на Ѓукановиќ ја покажува вистинската намера на власта да ги угаси државните универзитети

Академските мрежи и јавноста се згрозени од изјавата на народниот пратеник Владимир Ѓукановиќ дека универзитетите треба да се угасат и да се направи еден интегриран универзитет, кој би бил под директна контрола на оваа власт. Бидејќи Ѓукановиќ е и многу близок соработник на претседателот на Републиката Србија Александар Вучиќ, неговата изјава ја сфаќаме како пробен балон и подготовка наскоро да започне реализацијата на оваа идеја. се вели во соопштението од Академски пленум, Србија.

Така формираниот интегриран универзитет би ја изгубил целосно автономијата, а образовниот систем би бил целосно урнат и на крајот угасен. Минатата година актуелната власт се обиде да изведе неприметна промена на Законот за високото образование, со која не само што ќе се дозволеше работа на странски факултети во Србија, туку ќе се оставеше можност и тие факултети да се финансираат од буџетот на Република Србија. На тој начин, преку нелојална конкуренција, ќе се угасеа државните универзитети.

Јавноста тогаш реагираше, па тој обид беше спречен, а сега Ѓукановиќ најави друга тактика за гасење на високото образование во Србија.

Го повикуваме министерот за просвета Дејан Вук Станковиќ и премиерот Ѓуру Мацутa веднаш да реагираат и јавно да го отфрлат ваквиот предлог.

Форум на Универзитетот за уметности во Белград
Слободен универзитет Нови Сад
Академски пленум, Нови Сад
Слободен универзитет Крагуевац
Слободен универзитет во Ниш
Слободен Државен универзитет во Нови Пазар
Проактив на Универзитетот во Приштина, Косовска Митровица

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни