Настанот ќе се одржи наскоро (точниот датум и локацијата ќе бидат објавени на официјалната Инстаграм страница на фестивалот), а организаторите ги повикуваат сите љубители на музиката да се приклучат и да бидат дел од оваа хумана иницијатива.
Картите се веќе во продажба по симболична цена од 300 денари, и можат да се набават онлајн преку платформата @kupi_karta (kupikarta.com). Локации за купување во живо ќе бидат дополнително објавени.
Особено значајно е што сите средства собрани од продажбата на карти и од спонзорите ќе бидат донирани за помош на повредените граѓани од Кочани преку организацијата @supportkocani, како и преку Центарот за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп (@nuckmarkocepenkov).
Организаторите упатуваат благодарност до сите што ќе го поддржат фестивалот и хуманата мисија што стои зад него.