Сончева енергија за прв пат го надмина јагленот во производството на eлектрична енергија во ЕУ

Учеството на електричната енергија добиена во сончевите електрани во енергетскиот микс на ЕУ достигнало 11 проценти, во однос на 9,3 проценти во 2023 година. Сончева енергија беше најбрзо растечки извор на енергија во ЕУ

Во Европската унија, минатата година прв пат беше произведено повеќе струја од сончева енергија отколку од јаглен, соопшти истражувачкиот центар Ember.

Учеството на електричната енергија добиена во сончевите електрани во енергетскиот микс на ЕУ достигнало 11 проценти, во однос на 9,3 проценти во 2023 година. Сончева енергија беше најбрзо растечки извор на енергија во ЕУ.

Учество на сите обновливи извори е зголемено од 24 проценти во 2019 година на рекордни 47 проценти во 2024 година. Заедно со нуклеарната енергија, која исто така не емитува стакленичките гасови, тие претставуваат 71 проценти од производството на електрична енергија.

Количината струја добиена во термоелектрани на јаглен падна на помалку од 10 проценти, прв пат од 2011 година, кога тинк-тенк Ember започнал со собирање податоци. Јагленот падна од третото место на најголемите извори на електрична енергија во 2019 година на шесто место минатата година.

Повеќе од половина од земјите-членки на ЕУ или не користат јаглен во производството на електрична енергија или неговото учество во енергетскиот микс е помало од пет проценти, наведува Ember во извештајот.

Производството на електрична енергија од гас продолжува да опаѓа веќе петта година, а минатата година било намалено на 15,7 проценти во 2024 година, од 16,9 проценти една година претходно. Учество на сите фосилни горива во последниве пет години паднало од 39 проценти на најнизок ниво од 29 проценти. Од ветер веќе втора година се произведува повеќе струја отколку од гас.

Учество на ветерната енергија остана непроменето, 17,4 проценти. Иако во 2024 година беа додадени околу 13 гигавати нови капацитети за ветерни електрани, условите за ветер беа неповолни во однос на 2023 година, што резултираше со пониско производство од очекуваното.

Нуклеарната енергија остана доминантен извор на електрична енергија во ЕУ, а нејзиното учество беше благо зголемено од 23 проценти во 2023 година на 23,7 проценти минатата година.

ЕУ се обидува да го зголеми производството на енергија од обновливи извори за да ги намали емисиите и да ги постигне климатските цели, како и да ја намали зависноста од увоз на фосилни горива и да ја зголеми енергетската сигурност.

Ember соопшти дека без новите капацитети за сончева и ветерна енергија од 2019 година, ЕУ би увезла 92 милијарди кубни метри повеќе гас и 55 милиони тони повеќе камен јаглен, што би ја чинело 59 милијарди евра.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни