62 години од говорот „Имам сон“ – Визијата на Мартин Лутер Кинг

Одбележуваме 62 години од историскиот говор „Имам сон“ на д-р Мартин Лутер Кинг. Неговата порака за еднаквост, правда и слобода останува силна и денес

Пред точно 62 години, визионерот и лидерот на движењето за граѓански права, д-р Мартин Лутер Кинг Јуниор, го одржа својот прочуен говор „Имам сон“, застапувајќи идеали кои и денес се еднакво значајни.

Од гласно искажување на ставовите, преку водење конструктивен дијалог, до поддршка на ранливите заедници — сите можеме да придонесеме во борбата против расизмот и сите облици на дискриминација.

Борбата за еднаквост, достоинство и правда не е завршена. Денес, како и тогаш, е важно да се потсетиме на моќта на мирниот активизам и визијата за општество каде секој човек се вреднува според својот карактер, а не бојата на кожата, стои во објавата на ООН.

ова е дел од неговиот говор:

„И така, и покрај предизвиците денес и утре, јас сѐ уште имам сон. Сон длабоко вкоренет во американскиот сон. Имам сон дека еден ден оваа нација ќе се издигне и ќе го живее вистинското значење. Се држиме на овие вистини дека сите луѓе се создадени еднакви.’ Имам сон дека еден ден, на црвените ридови на Џорџија, синовите на некогашните робови и синовите на некогашните робовладетели ќе можат да седнат заедно на трпезата на братството. Имам сон дека моите четири мали деца еден ден ќе живеат во земја каде нема да бидат оценети по бојата на својата кожа, туку по карактерот на својот дух. Имам сон денес.“

Овој говор, одржан на 28 август 1963 година во Вашингтон, Мартин Лутер Кинг го упати како апел за итна акција, еднаквост и мирна борба — порака која и денес е живо актуелна и инспиративна

Насловна фотографија: Д-р Мартин Лутер Кинг Јуниор и неговата сопруга, Корета Скот Кинг, во седиштето на Обединетите нации, 1964

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни