26 земји подготвени да испратат војници во Украина

Дваесет и шест земји изразиле подготвеност да учествуваат во меѓународни сили како дел од безбедносни гаранции за Украина, доколку дојде до мировен договор со Русија.
Фото: President Of Ukraine/Flickr

Ова денеска го соопшти францускиот претседател Емануел Макрон по самитот на сојузниците на Киев во Париз.

„Како облик на зајакнување на мирот, 26 земји се обврзаа да распоредат трупи во Украина – на копно, море или во воздух“, изјави Макрон, заедно со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Францускиот претседател не откри кои држави ќе испратат трупи, но познато е дека меѓу нив се Франција и Велика Британија. Хрватска, Италија и Полска, пак, не се дел од оваа група.

По самитот, лидерите разговараа и со американскиот претседател Доналд Трамп, кој инсистирал Европа да престане со купување руска нафта и да изврши економски притисок врз Кина поради поддршката на Москва.

Рускиот претседател Владимир Путин повтори дека е подготвен за преговори „ако надвладее здрав разум“, но го исклучи учеството на НАТО-трупи во Украина. Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, одговори дека Русија нема право на збор во врска со тоа, бидејќи Украина е суверена држава.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен порача дека денешниот состанок во Париз донел конкретни резултати – 26 држави се обврзале да обезбедат трупи и поддршка во случај на прекин на огнот или мировен договор.

Извор: Index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни