20 години е-Општество.мк: Демонстрација на употреба на вештачка интелигенција за лицата со попреченост

Денес, во рамките на јубилејното 20-то издание на конференцијата е-Општество.мк, Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис организира демонстрација за користење на вештачка интелигенција (AI) како асистент за лицата со попреченост. Со повеќе од две децении активна работа во областа на дигиталната трансформација, Фондацијата оваа година ги истражува аспектите на дигитализацијата во минатото, сегашноста и иднината.

Презентерите Васил Танески, пензиониран програмер, и Кристијан Лазарев, основач и претседател на Асоцијацијата за пристапност и инклузија (АПИ), ќе ги прикажат можностите и предностите што вештачката интелигенција може да ги донесе во животот на лицата со попреченост. Нивната демонстрација ќе покаже конкретни начини на користење на AI алатки за олеснување на секојдневните активности и зголемување на нивната независност.

Оваа иницијатива е дел од целосната посветеност на Метаморфозис кон инклузивна дигитализација и е доказ за важноста на технологијата во унапредување на достапноста и пристапноста во современото општество.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни