Најавата следува по големата најава на Сер Пол Мекартни и официјалните канали на „Битлси“ на социјалните мрежи, кои претходниот ден објавија карусел слики со броевите од еден до четири на Инстаграм.
Што ќе содржи „Anthology 4“
Антологијата ќе ги вклучува демо снимките, студиски записи и други ретки изведби кои досега не биле издадени. Слично како и првите три „Anthology“ компилации од 1995 и 1996 година, новата верзија ќе донесе носталгичен преглед на кариерата на легендарниот бенд, но не се очекува да содржи целосно нови, непознати песни.
Во рамки на сетот од 191 песна ќе бидат вклучени нови миксови на „Free As A Bird“ и „Real Love“, класични синглови од претходните антологии, со вокалите на покојниот Џон Ленон. Миксовите се направени од оригиналниот продуцент Џеф Лајн, фронтмен на Electric Light Orchestra.
Книга и документарен серијал
Покрај музичката антологија, се ремастерира и книгата и документарниот серијал „The Beatles Anthology“, кој ќе се емитува на Disney+. Серијалот ја раскажува приказната на „Битлси“ преку нивни лични зборови, а новиот деветти епизод ќе содржи снимки зад сцената од снимањето на колекциите, со Сер Пол, Џорџ Харисон и Ринго Стар.
Малку ново, многу носталгија
Иако се работи за 13 нови песни, фановите треба да знаат дека станува збор за нови верзии и ремиксови на стари хитови, а не за целосно непознати композиции. Giles Martin, син на продуцентот Џорџ Мартин, ги ремастерирал претходните три антологии, кои заедно со „Anthology 4“ ќе излезат како нов бокс-сет во ноември.
Сетот ќе ги содржи и оригиналните белешки од првите три антологии, како и нови белешки за „Anthology 4“ од авторот на „Битлси“, Кевин Хаулет, заедно со вовед составен од интервјуа од 1996 година со близок пријател и советник на бендот, Дерек Тејлор.
„Битлси“ – најпродаваниот музички бенд на сите времиња
„Битлси“ се најпродаваниот музички бенд на сите времиња, со 18 синглови на прво место и 15 албуми на прво место во Велика Британија само од 1960 година до денес. Во моментов се подготвуваат четири биографски филмови, при што секој член на бендот ќе има свој филм кој ја раскажува неговата страна од приказната за групата што ја промени музичката историја.
Извор: News.Sky