11 годишно истражување: Јадењето помфрит предизвикува анксиозност и депресија

Помфрит – мрсни и крцкави компирчиња кои за многумина се неодолива храна. Но, посегнувањето по пржена храна може да има негативно влијание врз менталното здравје.

Истражувачки тим во Хангжу, Кина, откри дека честото консумирање пржена храна, особено пржени компири, е поврзано со 12% поголем ризик од анксиозност и 7% поголем ризик од депресија отколку кај луѓето кои не јадат пржена храна.

Пржената храна е познат ризик фактори за дебелина, висок крвен притисок и други здравствени проблеми. Овие резултати „отвораат авенија во значењето на намалувањето на потрошувачката на пржена храна која има негативни последици за менталното здравје“, се вели во трудот објавен во понеделникот во списанието PNAS.

Сепак, експертите кои ја проучуваат исхраната велат дека резултатите се прелиминарни и не е нужно јасно дали пржената храна предизвикува проблеми со менталното здравје или луѓето кои доживуваат симптоми на депресија или анксиозност често јадат пржена храна.

Студијата опфатила 140.728 луѓе во текот на 11,3 години. По исклучувањето на учесниците на кои им била дијагностицирана депресија во првите две години, вкупно 8.294 случаи на анксиозност и 12.735 случаи на депресија било откриено дека кај оние кои консумирале пржена храна, особено помфрит имаат 2% зголемен ризик од депресија наспроти оние кои повеќе јаделе пржено бело месо.

Студијата исто така покажа дека токму помладите мажи се оние кои редовно консумираат повеќе од една порција пржена храна.

„Оваа студија го поткрепи токму тоа дека поголемото внесување на пржена храна го зголемува ризикот од анксиозност/депресија“, рече д-р Дејвид Кац, специјалист за медицина на животниот стил кој не бил вклучен во студијата.

Од друга страна пак д-р Кац објаснува и дека луѓето кои веќе страдаат од анксиозност и слични нарушувања на менталното здравје се посклони кон јадењето пржена храна. Тоа го објаснува на тој начин што посочува дека тој тип на луѓе преку храната се оттргнуваат од тоа што ги мачи.

„Оние со основни симптоми на анксиозност и депресија би можеле да се свртат кон здрав начин на исхрана како начин на самолекување“, посочува д-р Кац, основач на непрофитната иницијатива True Health Initiative, глобална коалиција на експерти посветени на медицината заснован на докази.

Хемикалија која се ослободува при пржењето го влошува менталното здравје

Во новата студија, истражувачите сугерираат дека акриламидот, хемикалија формирана за време на процесот на пржење, особено во пржените компири, е виновен за повисокиот ризик од анксиозност и депресија.

За да го докажат тоа, истражувачите ја изложиле зебра рибата на хемикалија, откривајќи дека долготрајната изложеност предизвикала рибата да живее во темни зони во резервоарот, вообичаен знак за повисоко ниво на анксиозност кај рибите.

Рибите зебра, исто така, покажале намалена способност да истражуваат. Иако е познато дека рибите зебра пливаат во јато кога се нашле во средина каде ја има хемикалијата акриламид почнале да се движат похаотично и разединето.

„Зебра рибите се одбрани за ова истражување затоа што веќе е познато дека се чувствителни на токсичноста од акриламид. Со тоа што што нивните бихејвиорални реакции на анксиозност се воспоставени и конзистентни се овозможува добар извор и на биолошки и на податоци за однесувањето“, смета Кац.

Д-р Волтер Вилет истакнува дека резултатите „треба да се сметаат за многу прелиминарни, особено поврзаноста со пржената храна и акриламидот“.

„Здравствените ефекти од пржената храна во голема мера ќе зависат од тоа каква храна се пржи и каков вид на маснотии се користи за пржење“, рече Вилет, професор по епидемиологија и исхрана на Харвард Т.Х. Чан Школата за јавно здравје.

Вилет, исто така, забележал и дека акриламидот не се создава само со пржење. Тој е и во кафето, поради печењето на зрната, и во тостот, бидејќи „загревањето јаглехидрати заедно со протеините може да го направи тоа“.

Тој исто така рече дека рибите зебра „тешко се толкуваат во однос на човековото здравје, бидејќи очигледно сме сосема различни“.

Извор: cnn.com

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни