„Џифони Македонија“: Промоција на CinEd – филмска едукативна програма и на Aspirin Production

На претпоследниот ден на 12. „Џифони Македонија“, во рамките на Edu Cuts конференцијата, учесниците на фестивалот ќе имаат можност да се запознаат повеќе со можностите што ги нуди CinEd – Европската филмска едукативна програма. Веднaш потоа пред младите ќе се претстави „Аспирин продукција“, како дел од младинската филмска продукција, нова генерација филмски македонски филмски ентузијасти.

CinEd – европската програма за филмско образование создадена во 2015 година, со сеопфатен дигитален и мултијазичен пристап што олеснува пристап до европските филмови и го проширува образованието за филм. Нејзината главна цел е да развие критичкото размислување на младите, креативната осетливост, долговечноста на знаењето за европското кино и да придонесе преку филмовите за општото образование и свеста за културната различност. Ивана Шешлек и Миа Марос Живковиќ од асоцијацијата Shadow Casters од Загреб, која е членка на оваа организација ќе ја презентираат дигитална платформа на оваа програма и образовните можности кои ги нуди. Ќе биде прикажан и краток филм направен од ученици на нивните работилници.
„Aspirin Production“ е филмска група предводена од средношколци, која создава кратки филмови што комбинираат креативност и техничка вештина. Во краток период, тие веќе снимиле пет проекти, вклучувајќи документарец, кој ги покажува нивните различни способности за раскажување приказни. За време на разговорите со учесниците на фестивалот, членовите на групата ќе објаснат како размислуваат, ќе споделат увид во нивниот процес на правење филмови, од пишување сценарија до пост-продукција, особено за нивната страст кон создавање филмови.

Денес на програмата кај кадетите е „македонскиот филм „М“ на режисерот Вардан Тозија, кој ќе се дружи со џифонци во Младинскиот културен центар од 12.30 часот.“ Во програмата за сениорите филмот „Кога е… пролет е во воздухот“ во режија на Данијаел Сугавара од Полска. 
Џифонци вчера имаа можност да го проследат филмот „Сонце мамино“ на српскиот режисер Коста Ѓорѓевиќ, кој заедно до Бојана Андриќ, директор на фотографија, го промовираа филмот.

Edu Cuts конференцијата викендов им донесе на џифонците интересни гости. Една од нив беше младата режисерка Грета Торнтон од Ирска, која втор пат доаѓа во Скопје на фестивалот. Пред три години таа промовираше свој краток филм, а годинава доаѓа со нов филм „Слатко горчливо“, за кој публиката гласно ја награди. Грета годинава дојде и како волонтерка на фестивалот. На прашањето на модераторот и режисер Мартин Чичовски, што се променило кај неа, во изминатите три години како режисер, таа вели дека научила многу од првиот филм, а во меѓувреме, се запишала и на Филмска академија.

-Сакам да гледам филмови што третираат теми од мојата возраст и генерација. Инспирација за „Слатко горчливо“ ми беа годините, некако на 18 години како секој да се преиспитува што понатаму и како никој да не си го сака роденденот Може и затоа насловот го избрав да биде „Слатко горчливо“. На овој филм сум режисер, монтажер и продуцент. Имав предизвик да работам со главната актерка во филмот, која главно глуми во театар, па ми требаше малку да се потрудам за да го добијам тоа што ми требаше. Во филмот користам музика од локален ирски бенд, зашто сметам дека треба да им дадеме можност на локалните уметници. Јас сакам и да пишувам и да режирам. Ме привлекува и продукциски дизајн. Сакам да снимам долгометражен филм. Идејата за овој филм ми дојде после еден есеј што го напишав. Затоа, пишувајте ги домашните редовно, не знаете кај ќе ве одведат!

Инспирација за „Слатко горчливо“ ми беа годините, некако на 18 години како секој да се преиспитува што понатаму. Оваа доба ем е убава, ем и тешка понекогаш. Може и затоа насловот е таков. Идејата за овој филм ми дојде после еден есеј. Затоа, пишувајте ги домашните редовно, не знаете кај ќе ве одведат!

Како дел од Edu Cuts конференцијата, вчера ни беа претставени тројца млади автори кои се дел од програмата „Докуникулци“ на Фестивалот на креативен филм „Македокс“. Александра Петровска („Хелоу Алекс“), Калин Маџовски („Уживајте во кањонот“ и Марко Иван Кочишки („Винил вртлог“) зборуваа за своите искуства истакнувајќи дека најинтересен дел е работењето заедно, односно секој член на докуникулци се вклучува во сечиј проект.

-Аплицирајте, ова е нешто како летна школа што трае цела година. И многу е важно дека создавањето филм е подолг процес. Ќе тргнете од една идеја, а ќе стигнете до нешто друго можеби – велат младите режисери.

Исто така, вчера беа прикажани и три филма на млади што учествувале на Teen Doc програмата на фестивалот „Интеракција“ во Ужице, Србија. Можноста да се учи и да ги создадат своите први дела за нив била бесцената. Било голем предизвик да се соработува со врсници со кои тогаш се запознале, па да се надминат некои гледишта и чие решение да се одбере, вели Срна Георгиевска.

Младите во публиката се заинтересираа за овие работилници и сакаа да дознаат што повеќе информации. Инстаграм-страницата на „Џифони Македонија“ е вистинското место за да се информираат. Фестивалот „Интеракција“ е дел од Edu Cuts мрежата што ги поврзува филмските фестивали и организации фокусирани на промоцијата и на имплементацијата на образованието и мобилноста на младите таленти. Мрежата е дел од проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“, проект поддржан од Европската Унија, чија цел е да го зајакне дијалогот на Западен Балкан, поттикнувајќи ги културните и креативните сектори за зголемено социо-економско влијание.

Фестивалот „Џифони Македонија“ е поддржан од: Џифони Експириенс, Агенција за филм, Министерство за култура на Италија и Италијанската амбасада во Скопје, British Council преку проектот Culture and creativity for Western Balkans, RYCО со Youth Cultural Fund, Пакомак и др.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни