Јавен повик за бесплатна обука за справување со дискриминација и говор на омраза

Преку еднодневната обука, учесниците ќе добијат практични знаења, експертско менторство и алатки за делување, со цел да изградат поотпорни и солидарни заедници и да придонесат кон општество без омраза и поделби

Во рамките на проектот „Интеркултурен хаб Скопје“, Институтот за медиуми и аналитика ИМА, Центар Јадро Скопје и  ЗГ Есперанца – Светски културен центар објавуваат повик за бесплатна еднодневна обука за справување со дискриминација и говор на омраза, наменета за млади активисти. Оваа иницијатива има за цел да го зајакне капацитетот на младите да препознаваат и активно да се спротивставуваат на дискриминацијата и говорот на омраза, како и да создаваат позитивни наративи кои промовираат инклузија, еднаквост и почитување на различностите.

Преку еднодневната обука, учесниците ќе добијат практични знаења, експертско менторство и алатки за делување, со цел да изградат поотпорни и солидарни заедници и да придонесат кон општество без омраза и поделби.

Јавен повик за учесници: Бесплатна еднодневна обука за справување со дискриминација и говор на омраза

Здраво, млади активисти! Подготвени сте да стекнете нови знаења и алатки за борба против дискриминација и говор на омраза?

Институтот за медиуми и аналитика ИМА, Центар Јадро Скопје и  ЗГ Есперанца – Светски културен центар објавуваат повик за учество на еднодневна бесплатна обука за антидискриминација и говор на омраза. Обуката ќе ја водат двајца искусни обучувачи со долгогодишно искуство во областа на човековите права, медиумите и комуникациите.

Што ќе добиете:

 Знаења за тоа како да ги препознаете и адресирате дискриминаторските практики и говорот на омраза во јавниот простор.
 Алатки и стратегии за градење пораки и кампањи кои промовираат инклузија, солидарност и почитување на различностите.
 Вмрежување и размена на искуства со млади луѓе од различни заедници и активистички иницијативи.

Кого бараме:

  • Млади луѓе заинтересирани за човекови права, активизам и општествени промени.
  • Активисти и членови на младински или граѓански организации.
  • Претставници на помали и маргинализирани заедници кои сакаат да го зајакнат својот глас и видливост.

Важни датуми:

 Рок за пријавување: 15 октомври 2025 година
 Обука: 29 октомври 2025 година @ КСП Центар Јадро, Скопје

Не ја пропуштај оваа можност да добиеш практично знаење и да станеш дел од заедничката борба за општество без дискриминација и омраза Кликни на овој линк – Аплицирај сега!

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни