Џез вечер со Ѓоко Грујовски и неговото трио во Јazz Inn Охрид

Ѓоко Грујовски е македонски џез гитарист, композитор и продуцент и има издадено два студиски албуми: “Reflections” 2018 год. и “Deep Blue” 2024 година

Во петок на 27 септември во 22 часот во култниот клуб Јazz Inn, во Охрид ќе настапи Ѓоко Грујовски со неговото трио: Симеон Ангеловски – бас гитара и Дамјан Грујо – тапани.

Ѓоко Грујовски е македонски џез гитарист, композитор и продуцент. Роден е во Скопје, 1976 год. Во текот на својот живот свири во многу џез и рок бендови. Од 1998-2006 година работи како гитарист на Биг Бендот во Македонската Радио Телевизија.

Има издадено два студиски албуми: “Reflections” 2018 год. и “Deep Blue” 2024 год.

Најново

Последни колумни