Актерот Крис Нот стана светски познат по улогата на Sверката во култната серија „Сексот и градот“, а после тоа, колку и да имаше други различни улоги, никогаш не постигна успех, што му го донесе славната серија.

Сега веќе постариот актер има 70 години и ретко кој би го препознал на прв поглед кога би го видел на улица.
Познатиот Sверка ги изненади своите обожаватели со промените во својот изглед кога фоторепортерите го фатија со семејството на турнеја низ студиото Универзал. И додека повеќето жени пред 15 години гледајќи ги ТВ сериите „Сексот и градот“, воздивнувале по него бидејќи глумел впечатлив, шармантен, успешен и неодолив маж, денес тешко го препознаваат тој Ѕвер во 70-годишниот актер.
За овој впечаток не придонесува само сивата брада и косата на Крис Нот, туку и шокантните обвинувања за сексуално недолично однесување кои се појавија на адреса на актерот, поради што тој драматично и засекогаш падна во очите на жените.

Тој беше снимен во друштво на својата 45-годишна сопруга Тара, и очигледната нејзината љубов покажа дека не е потресена од сите медиумски написи за големиот скандал.
Ова е едно од ретките јавни настапи на актерот по 2021 година, кога четири жени го обвинија за сексуално вознемирување и силување.
