Земјотрес во Мјанмар: Над 6.3 милиони луѓе имаат итна потреба од помош

Повеќе од 6.3 милиони луѓе во најпогодените подрачја од разорниот земјотрес со јачина од 7.7 степени што ја погоди Мјанмар на 28 март, имаат итна потреба од хуманитарна помош.

Ова е за два милиони повеќе отколку пред земјотресот, кој однесе над 3.600 животи.

Обединетите нации вчера (11 април) упатија апел за дополнителни средства во висина од 275 милиони долари, со цел да се обезбеди помош за приближно еден милион жители погодени од катастрофата.

Претходно, хуманитарната програма беше проценета на повеќе од 1.1 милијарда долари и имаше за цел да одговори на итните потреби на 5.5 милиони луѓе, од вкупно 19.9 милиони кои имаат потреба од поддршка низ целата земја.

„Итно се потребни дополнителни ресурси,“ нагласуваат од Обединетите нации, повикувајќи на глобална солидарност.

Програмата посебно внимание посветува на женската популација, која се соочува со зголемен ризик од родово базирано насилство, недостиг од храна и ограничен пристап до репродуктивни здравствени услуги. Во планот се вклучени и мерки за превенција и справување со сексуална експлоатација и злоупотреба по земјотресот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни