Започна снимањето на „Ѓаволот носи Прада 2“ – оригиналната екипа се враќа, со едно големо ново име!

Филмските ѕвезди Мерил Стрип, Ен Хатавеј, Емили Блант и Стенли Тучи официјално се враќаат на големото платно во продолжението на култниот хит „Ѓаволот носи Прада“. Продукцијата на втората част штотуку започна, а на актерската екипа ѝ се приклучува и добитникот на Оскар, Кенет Брана, кој ќе го глуми сопругот на Миранда Пристли (Стрип), легендарната уредничка на модното списание Runway.

Дизни ја потврди веста преку Инстаграм, објавувајќи тизер со две ѓаволски црвени штикли – доволно за да ја разбуди носталгијата кај обожавателите на првиот дел од 2006 година, базиран на романот на Лорен Вајсбергер.

Што знаеме досега за заплетот?
Иако деталите сè уште се чуваат во тајност, се шпекулира дека приказната ќе ја следи Миранда Пристли додека се обидува да ја одржи својата кариера во време кога традиционалниот печат се соочува со опаѓање на читаноста. Таа ќе се соочи со својата поранешна асистентка, ликот на Емили Блант, која сега е моќна директорка во луксузна компанија со рекламен буџет што ѝ е очајно потребен на Runway.

Сè уште не е јасно каква улога ќе има Енди Сакс (Хатавеј) во продолжението – но ние со нетрпение очекуваме!

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни