„Записи на идниот старец“ – нова стихозбирка од Братислав Ташковски

„Записи на идниот старец“ е новата стихозбирка од поетот, прозаист и публицист Братислав Ташковски. Издавач е Книгоиздателството „Макавеј“ од Скопје.

Стихозбирката е компонирана во седум поетски циклуси („Временски забелешки“, „Трансформации“, „Мemento mori“, „Од поетската зандана“,
„Дефиниција на поезијата“, „Поетска правда“ и „Мигови“ во кои се поместени шеесетина новонапишани песни. Книгата е проследена со обемен
есеј на Венко Андоновски во која на уверлив начин се објаснува поезијата од оваа книга и поетиката на Ташковски.

– Оваа книга на Ташковски, од сите негови досегашни книги е најмногу ориентирана кон барањето на смислата на животот, кон оној „приватен егзистенцијализам“ кој секој човек си го создава како филозофија, откако ќе почувствува дека е дојдено времето да се сврти назад, да размисли над минатото, да го погледне изврвениот пат. Тоа време некои го викаат зрелост, некои старост; „Записи на идниот старец“ е дијамант на современата македонска поезија. Тоа е книга-канон за македонската поезија. Во неа, младиот елен ја сонува својата старост. Младите елени не стареат, тие се претвораат во зборови, а зборовите се надвор од времето, констатира Андоновски.

Книгата може да се купи во е-продавницата на издавачката куќа „Макавеј“ и во книжарниците во центарот на Скопје. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни