Загина возачот на„Тесла Сајбертрак“, кој експлодираше пред хотелот „Трамп“ во Лас Вегас

Од експлозијата се повредени и 7 други лица

Полицијата отвори истрага откако камионет „тесла сајбертрак“ наполнет со канистри за гориво и пиротехника експлодираше пред хотелот „Трамп“ во Лас Вегас. При експлозијата загина возачот, а полесно повредени се седум луѓе.

„Камионетот бил изнајмен во Колорадо и пристигнал во градот во средата наутро, помалку од два часа пред детонацијата. Бил паркиран пред влезот на хотелот кога почнал да чади, а потоа експлодирал“, објави полицијата.

Во своето синоќешно обраќање, американскиот претседател Џо Бајден кажа дека Белата куќа го следи инцидентот, а властите истражуваат дали можеби има поврзаност со вчерашниот напад во Њу Орлеанс, во кој загинаа 15 луѓе.

Полицијата на Лас Вегас објави драматични снимки од експлозијата на кои се гледа дека камионетот е паркиран пред влезот на хотелот и по неколку секунди експлодира, по што огномети во разни бои летаат на сите страни.

„Властите знаат кој го изнајмил камионетот преку апликација во Колорадо, но нема да го објават неговото име додека истражителите не утврдат дали е тоа истата личност која починала“, изјави шерифот на Лас Вегас, Кевин Мекмахил.

Очевидци велат дека пред хотелот се слушнала силна експлозија, по што следела евакуација на зградата која има 64 ката.

Шефот на „Тесла“, Илон Маск, кажа дека експлозијата не е поврзана со самото возило, туку со пиротехника или бомба којашто била во него.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни