Вулканот Етна повторно активен, има ли место за паника?

Првите, слаби ерупции се забележани на 8 февруари, а тенки потоци лавa регистрирани се и во вторникот на јужната падина на кратерот познат како Боча Нова (Нови усти), објавил сајтот nationalworld.com.

Еден од најактивните италијански вулкани, Етна, од минатиот викенд повторно излачува лавa, објавиле италијанските медиуми. Властите соопштиле дека внимателно ја следат ситуацијата и дека нема причина за паника.

Првите, слаби ерупции се забележани на 8 февруари, а тенки потоци лавa регистрирани се и во вторникот на јужната падина на кратерот познат како Боча Нова (Нови усти), објавил сајтот nationalworld.com.

Не се забележани значајни промени во параметрите на вулканот, соопштиja од „Етна опсерваторијата“ на италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија (INGV). Како што е објавено, лавата тече во многу тесна линија и се простира само неколку стотици метри, па е оценета како „нормална вулканска активност“.

Според вулканолозите, оваа појава е типична суб-терминална ерупција, бидејќи доаѓа од фрактура, а не од еден од главните кратери. Минатото лето, по период на релативен мир по големата ерупција во декември 2023 година, следеле неколку последователни ерупции.

И покрај честите ерупции, Етна е главна туристичка атракција.

УНЕСКО го прогласи вулканот и неговата околина за светска наследство во 2013 година, признавајќи го неговото геолошко значење и влијание на локалната култура и економија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни