Времето се влошува: Над Балканот пристигнуваат суперќелиски бури и можна појава на торнадо!

Делови од Хрватска, Словенија, Италија и поширокиот регион на Балканот се под удар на опасно невреме. Метеоролозите предупредуваат на појава на суперќелиски бури, разорни ветрови, обилни врнежи и дури можни торнада.

Според Severe Weather Europe, утрово силно невреме со обилни дождови ја погоди Истра, а сериозниот бран нестабилно време не застанува тука.

Хладен фронт што се движи преку Алпите предизвика драстичен пад на температурите – од над 40°C во саботата во Србија и Грција, до под 20°C во вторник во делови од Балканот. Температурниот шок е особено изразен во регионот, каде температурите ќе бидат 4 до 7 степени под просекот за ова време од годината.

Опасен понеделник: аларм за неколку региони

Силниот млазен воздушен струеж над централна Италија и Јадранот создава услови за развој на суперќелиски бури, кои се способни да донесат:

  • Крупен град
  • Разорни удари на ветер
  • Обилни и локално екстремни врнежи
  • Можни торнада (особено над Романија, Молдавија и западна Украина)

Најинтензивното невреме се очекува од утрово во областа на реката По (северна Италија), со постепено преместување кон Истра, Кварнер, Лика, Далмација и делови од Босна и Херцеговина.

Очекувањата се дека ваквото време ќе трае до вторник, по што ќе следи кратко стабилизирање со температури околу или под просекот за крајот на јули.

Истокот останува жежок

Додека западниот и централниот дел на Европа се ладат, екстремната горештина ќе продолжи да доминира над Турција, Црното Море, источна Украина и југозападна Русија, каде температурите повторно ќе достигнуваат над 40°C.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни