Две години подоцна, Грејс и нејзиниот сопруг Ангус го добија своето прво дете – ќерка која ја нарекоа Ejми, по сестрата-донорка.
„Беше многу емотивно затоа што никогаш не си дозволивме да замислиме дека навистина ќе биде тука“, рече Грејс за BBC. Бебето се роди со царски рез во февруари и тежеше нешто над два килограми. Грејс ја почувствувала првата менструација само две недели по трансплантацијата и останала бремена од првиот обид со вонтелесно оплодување.
Операцијата траела 17 часа, ја водела д-р Изабел Кироґа и вклучувала повеќе од 30 медицински лица. Донаторката Ejми, која веќе има две деца, изјави: „Не чувствував загуба, затоа што придобивките за мојата сестра беа драматични и моментални.“
Семејството сега се надева на второ дете, по што донираната матка ќе биде отстранета за Грејс да престане со имуносупресивна терапија.
Оваа приказна донесе надеж за околу 15.000 жени во Британија без функционална матка.