Во сабота, со почеток во 12 часот во Веро Џамбо, ќе се одржи промоцијата на новата кулинарска книга на Давор Панчевски, кај нас познат како Dave’s Kitchen.
Станува збор за неговиот трет готвач, „Брзо и забавно готвење“, издаден на македонски и англиски јазик, во две посебни изданија.
Оваа книга е посветена на сите љубители на готвењето кои сакаат да уживаат во подготовката на вкусни, лесни и брзи јадења, кои се подготвуваат за помалку од половина час. Авторот во ова дело објави 100 нови рецепти со кои покажува дека готвењето не мора да биде комплицирано за да биде неверојатно вкусно.
На промоцијата, присутните гости ќе имаат можност да го купат новиот готвач, да дегустираат специјално подготвени јадења од рецептите во книгата, да се запознаат и да се советуваат со авторот, како и да уживаат во убава атмосфера и вистинско кулинарско доживување.
Поканата е отворена се сите љубители на вкусната храна кои ќе имаат можност да добијат инспирација за брзо и креативно готвење и да запознаат луѓе со слични интереси.