Фабриката, која од 2016 година е заштитено културно наследство, сега е дом на две почетни изложби – една посветена на судбините на преживеаните од Холокаустот, а другата на авангардното движење Баухаус. Музејот моментално е отворен само за организирани тури на одредени датуми во текот на годината, соопштија од Меморијалниот центар.
Пред отворањето, локацијата морала да се исчисти од токсичен отпад и беше предмет на повеќегодишна реконструкција.
За време на Втората светска војна, Шиндлер вработил повеќе од 1.000 евреи во својата фабрика за муниција, штитејќи ги од депортација и сигурна смрт. Во 1944 година, фабриката била преместена од Краков во Брнјенец и функционирала како подлогор на германскиот концентрационен логор Грос-Розен.
Шиндлер подоцна доби почесната титула „Праведник меѓу народите“ од државата Израел за неговите напори во спасувањето на еврејските работници. Неговата приказна стана светски позната преку романот „Шиндлеровата листа“ на Томас Кинели, а уште попозната преку филмот на Стивен Спилберг кој освои Оскар.