Внимание: Зошто како Струга нема друга?

Екипата на „Внимание“ во градот на Дрим ги праша стружани: „Зошто како Струга нема друга?“. Еве што ни кажаа: „И да има, зошто ти е!“, „Пошто е малечко и пресекси гратче, сме мултиетничка заедница, се дружиме сите со сите, имаме и езеро, имаме и река – тоа е тоа“, „Имат мостови, Дримот, град под УНЕСКО“, „зошто Струга е најдобриот град во Македонија, има се само љуѓе нема паметни, сите се будали“.

А еве што велат сружани кога ќе ги прашате „Дали Македонците, Албанците, Турците, Ромите и Торбешите добро си живеат во Струга?“: „Мислам дека ДА, како во секое друго место во Македонија“, „Да, добро живееме сите со сите, буквално…“, „Перфектно, братски, зашто така е градена Струга“, „Како браќа сме“, „Да, живеат добро, сите се сакаме, понекогаш и не, ама јас мислам сите да се сакаме и сите да живееме во една заедница, како голема фамилија“, „Сите живеат најубо што може да се живее… иначе, сите сме љуѓе, не разликуваме нација“.

Во анкетата на „Внимание“ ќе видите и како стружани рецитираат на струшки стихови од „Т’га за југ“, а и кои личности со потекло од Струга ги сметаат за најпознати.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни