Во најновата анкета на „Внимание“ ги прашавме граѓаните – Зошто имаме такви патишта какви што имаме, за разлика од соседите? Еве што ни кажаа: „Па, многу ретко има избори… ако има поише избори, поубави патишта ќе има“, „Па, не чини системот“, „Најверојатно, не ги прават како што треба… ги крадат парите.“
На прашањето – Што ни треба попрво, брза пруга до Солун, или можеби автопат до Софија и до Тирана? – граѓаните даваат различни одговори. Некои сметаат дека автопатот е поприоритетен: „Мислам дека автопат до Софија и Тирана, затоа што автопатот реално повеќе се користи“, „Добар автопат, повеќе луѓе денешно време патуваат со коли“. Но, мнозинството сепак одговорија „и двете“. „Некој сака со воз да патува, некој со автомобил“, вели еден граѓанин.
Ги прашавме граѓаните дали знаат колку време се гради автопатот Кичево-Охрид, но повеќето не знаеја точно да кажат. „Не, ама знам дека многу се гради“, вели еден граѓанин. А еве што ни кажаа граѓаните на прашањето кога би бил готов автопатот Кичево-Охрид: „Па, за 10 години ваљда, со истово темпо ако иде…“, „Оваа година мислам дека не“, „Може уште 5-6 години“, „За година две…“, „Наскоро… 15 години во однос на вечноста, што се?“.
А што велат граѓаните на прашањето, „Кај се парите?“: „Украдени се, и никој не одговара… сите знаеме што се дешава, сите крадат, ние патиме обичниот народ, работиме за 400-500 евра, да го преживееш месецот“, „Мислам дека никој не знае, или сите знаат ама никој нејќе да каже“, „Не можам да ви кажам, мислам дека тоа е јавна тајна…“, „Не знам, кај тие што крадат ваљда, не знам, којзнае тоа, никој не знае“