„Внимание, внимание“ – нов серијал во кој зборуваат граѓаните

Трн од денеска започнува со нов серијал – анкета „Внимание, внимание – зборуваат граѓаните“, која ќе биде емитувана секој четврток на каналите на „Трн“ (на Фејсбук, YouTube, и на Инстаграм).

Целта на анкетата е да се чуе гласот на граѓаните, посебно на младите, кој е маргинализиран во актуелниот медиумско-политички контекст.

Секоја анкета во серијалот „Внимание, внимание – зборуваат граѓаните“ ќе биде посветена на актуелни прашања кои ги засегаат граѓанките и граѓаните.

Првата анкета „Внимание, внимание“ е посветена на актуелни прашања по воведувањето на гарантирани цени и за соковите и пивото.

Гласот на граѓаните нѝ го претставува актерот Дениз Абдула, а продукцијата е на „Трн“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни