Внимание: Колку ни е грижа за европските младински олимписки игри во Скопје?

Внимание ги праша скопјани, „Дали знаете дека во Скопје се одржуваат Европски младински олимписки игри со над 4 илјади учесници?“ – „Не сум знаел, еве сега прв пат дознавам“, „Знам, ама за 4 илјади не знам“, „Само што видов дел од италијанската екипа на кошаркарки…“.

Ги прашавме граѓаните и дали би отишле да навиваат за Македонија на некои натпревари: „Фала богу, да…“, „За Македонија би навивал, многу нормално…“, „На сите натпревари…“.



А што велат граѓаните, зошто има толку мал медиумски интерес за толку голем настан, како што се Европските младински олимписки игри во Скопје: „Тоа страшно сум разочарана, освен на македонска телевизија што видов реклама, ја на другите телевизии многу слабо беше пропратено…“, „Децата колку мене што се, се заинтересирани повеќе за игрици…“, „Веројатно организацијата…“.

На прашањето, „Дали нашата држава се грижи доволно за развој на младинските спортови?“, ги добивме следните одговори: „Не, али треба да се грижиме, сепак, имаме деца, внуци, треба сите…“, „Има место за подобрување, бидејќи во државава наша многу голем талент има, само треба да се искористи правилно, како што треба“, „Воглавно, овие кај нас што успеваат, идат у странство, така да мислам дека не“, „Па мислам дека повеќе во другите држави се грижат, него во нашата“, „Па не, за ништо баш не се грижи Македонија“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни