Внимание: Дали ќе се пее „Бисер Балкански“ на Марс со ракија?

Во најновата анкета на „Внимание“, ги прашавме граѓаните „Ќе дочекаме ли луѓе да стапнат на Марс?“ и добивме многу поделени мислења: „Па веќе сме стапнати на Марс, не ние Македонците, ама има луѓе кои што се, но е сето тоа во тајност“, „Најверојатно не, целата таа моментална фама, као ќе одиме на Марс, најголем дел е само пропаганда“, „Па, мислам дека за многу брзо, десетина години минимум“. На потпрашањето „А кога би живееле на Марс“, граѓаните ни рекоа: „50 до 100 години“, „На Марс има веќе населеност, од тие кои што ја имаат откриено“, „Таму ќе се населиме кога ќе има ракија“.

На прашањето „⁠Дали со парите за колонизација на Марс треба да се зачисти и оправи планетава Земја?“, граѓаните ни одговорија: „Пред да се колонизира, би требало да се зачисти“, „Треба прво да размислуваме за тука, а подоцна за подалеку, на пример за Марс“, „Мислам дека би било попаметно да го спасиме тоа што го имаме“, „Треба да се поделат, пола за Земјата, пола за Марс“.

А еве што велат граѓаните „⁠Кој ќе биде првиот Македонец на Марс?“: „Мислам, уште не го знаеме, дека е уште дете“, „Игор Џамбазов“, „Па, Никола Груевски, само да не е у Македонија, на Марс да е“, „Некој паметен“, „Некој митичен“, „Некој најрендом, од некое село близу Ресен, со сонцето од Вергина“. На потпрашањето „Дали ќе се пее Бисер Балкански на Марс?“, граѓаните со проникливи одговори: „Ако има двајца Македонци, да“, „Сигурно, ако има Македонец, ДА“, „Апсолутно, тој што ќе стапне ако не ја запее, зошто отишол?“, „Охоо, како не, Бисер Марсовски ќе биде“, „Па и ќе се пее, пошто сме си Македонци“.

На крај, граѓаните одговорија и „Дали црешите се со астрономски цени, затоа што се на Марс растени?“: „Мислам, да беа растени во Марс, би било поевтино“, „Не јадам цреши, сеедно ми е“, „Можно е да се растени на Марс, а можда и подалеку, од Јупитер негде“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни