Во најновата анкета на „Внимание“, ги прашавме граѓан(к)ите: „Дали верувате во љубов на прв поглед?“.
Очигледно, граѓан(к)ите се поделени во однос на ова прашање: „Да, постои љубов на прв поглед“, „Во љубов не, али во страст на прв поглед, да“, „На трет, можда, сигурно не на прв“, „Не, едноставно мислам дека не може тоа така, да го сретнеш некој, да го видиш, и да се заљубиш“.
Нема консензус ни околу прашањето „На која возраст е најдобро да се почне со водење љубов?“ – „Па, кога човек се чувствува спремен, тогаш“, „Сметам дека треба да пројде полнолетство, па после тоа, зашто тогаш сме свесни за последиците…“, „Се зависи од човекот, и од домашната култура, верувања, религиозни, културни…“, „Седумнаесет према осумнаесет години, нешто така“, „Па, кога си спремен за тоа… и ментално, и физички, околу 17“, „Мислам дека нема граници…“.
За жал на водителот на „Внимание“, граѓаните не сакаа да споделат одговори на прашањето „Која ти е омилена песна за време на секс?“
И на прашањето „На колку години човек се откажува од секс?“, граѓан(к)ите дадоа повеќе различни, но и провокативни одговори: „Зависи како си го одржува здравјето…“, „Над 50-ка…“, „Верувам покасно, седумдесет?“, „Па, можда 50 и нешто…“, „Па, ваљда после 60, 70, се надевам“, „Па, мислам дека не се откажува, дур е жив“.