Филмот е снимен во Пионирскиот парк, каде двајца студенти од катедрата за камера се инфилтрирале меѓу колегите кои кампуваа со денови, решени да продолжат да учат.
„Тие се студенти 2.0 и организирано кампуваа во Пионирскиот парк, во озлогласениот Чациленд. Тој е Камелеон, а ова е неговата најголема тајна мисија,“ стои во описот на филмот на YouTube.
Вечерва, документарецот „Камелеон“ беше премиерно прикажан во Студентскиот културен центар (СКЦ) и на ФДУ во Белград, а интересот кај студентите беше огромен.
Пред двете институции се формираа долги редици од студенти кои чекаа да влезат на проекцијата, што може да се забележи и од видеата споделени на социјалните мрежи.