Александар Вучиќ, сегашниот претседател на Србија, а тогаш политичар во подем, некогаш ги забавуваше гледачите на ТВ Пинк во шоуто „Со танц до соништата“.
Ова се случувало во 2009 година, според српските медиуми. Иако самиот признавал дека е „неталентиран и со две леви нозе“, сепак земал часови по танц.
Јелена Круниќ, учесничка во реалното шоу „Парови“, откри дека нејзиниот брат го подучувал Вучиќ да танцува.
– Мојот брат беше кореограф во „Со танц до соништата“ и тогаш го научи Вучиќ да танцува – изјави Круниќ.
Нејзиниот брат, пак, во 2009 година го пофалил Вучиќ:
– За само еден час го совлада валцерот и го демантираше сопственото тврдење дека има талент за танц колку и мечка. Само му недостасува малку повеќе опуштеност и ќе биде подготвен за натпревар.