Вечерва во МКЦ танцов перформанс „БЛОТ“

Во текот на изминатите години, перформансот беше изведен на фестивали низ Романија, Канада, Мексико, Шведска, Полска и Бугарија

Во рамки на „Перформанс платформа фестивал #ППФ2025“ – јунска едиција, вечерва ќе се реализира Танцов перформанс „БЛОТ“ (Body line of thought) на „Тангај колектив“ (Tangaj collective).

Почетокот е од 20 часот во Младинскиот културен центар (МКЦ), информираат организаторите на настанот.

Организаторите итакнуваат дека влезот е слободен а перформансот е наменет за лица над 16 години.

– Во текот на изминатите години, перформансот беше изведен на фестивали низ Романија, Канада, Мексико, Шведска, Полска и Бугарија, стекнувајќи признание на престижни меѓународни платформи. Особено се издвојува учеството во официјалната програма на Internationale Tanzmesse 2024 како една од 20-те селектирани изведби, како и изборот во топ 10 продукции на Moving Balkans. Во 2025 година перформансот ќе биде изведен во девет земји низ Балканот и Централна Европа, како дел од проектот Body Landscapes. An Ecofeminist Perspective, поддржан од Perform Europe. Наесен во 2025 година, BLOT ќе замине на турнеја низ шест градови во Канада и во САД, се појаснува во соопштението.

Оваа изведба е овозможена со поддршка од Perform Europe, како дел од проектот „Body Landscapes. An Ecofeminist Perspective“, Министерство за култура на Република Северна Македонија и Фондацијата „Хајнрих Бел“. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни