Вечерва почнува 20. јубилеен Интернационален фолклорен фестивал „Велес 2025“

 Во амфитеарот на Младинскиот парк во Велес, вечер во 20:30 часот, свечено ќе биде отворен ИФФ „Велес 2025“. Фестивалот ќе се одржува до 5 јули, а е во организизација на фолклорните ансамбли од Велес, со поддршка од Општина Велес и  Министерството за култура и туризам.

На фестивалот учествуваат гости од Анкара Турција- Азија, од Литванија, од Дрезден и од Прага – Европа, од Мексико – Северна Америка, од Велигденските острови – Чиле –Ј ужна Америка и ансамблот на Македонците „Јане Сандански“  од  Мелбурн  Австралија, како и ансамблот Шумадија од Горњи Милановац, Србија.  Гостите Рапа Нуи, од Велигденсктеи острови  доаѓаат со карактеристичен танц, со ударни инструменти, со укулеле. Од Македонија е ансамблот „7/8“ од Скопје, „Јане Сандански“ од Неготино, „Тодор Јанев“ од Чашка, „Филиграни“ од Охрид.  Стандардно пред велешани ќе настапат и ансамблите од Велес, КУД  „Керамичар“, КУД „Коле Неделковски“, како и ансамблот „ Вила Зора“.

Претседателот на  Организациониот одбор Томе Јаневски изјави  дека од лани работеле напорно на фестивалот и успеале годинава да имаат гости од осум држави од пет континенти.
 
-Имаме квалитетни гости, благодарение на тоа што сме членки на ЦИОФ. Втората вечер, среда, ансамблот  „Танец“ ќе има целовечерен концерт, информира Јаневски.

Затворањето на фестивалот е во сабота вечер. Во случај на временски неприлики, концертите ќе се одржат во спортската сала на ООУ „Блаже Конески“.

Инаку Интернационалниот фолклорен фестивал „Велес“ секоја година во изминатите 19. беше  најпосетувана културна манифестација во Велес со повеќе илјадна публика.

Вечерва на свеченото отворање на фестивалот  освен велешкиот Фолклорен ансамбл  „Вила Зора“  ќе настапи и КУД „Тодор Јанев“ од Чашка како и гостите од Чиле, од Турција,  од Мексико, Чешка и Германија. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни