Имаме програма за младите која што е највидлива и најфлекси програма на Европската Унија, тоа е Еразмус Плус програмата, каде што навистина остава позитивен импакт кон оние кои што заминале, дали е тоа мобилност или младинска размена, рече директорот на Националната агенција за европски програми и мобилност, Марко Ѓоргиевски.
-Младите луѓе преку овие програми кога одат на студентски размени кога ќе се вратат веднаш се гледа промена, се разбиваат табу темите, предрасудите, и тоа е најголемото богатство на програмата, што е можно повеќе случувања и нетворкинг, дури учениците остануваат во контакт години после тоа и одат повторно заедно да се шетаат низ Европа со воз и слично – тоа е неформалното врзување, додава тој
Според Ѓорѓиевски формалното образование е кога студентите ќе поминат еден или два семестри во некој високо престижен универзитет во Европа.
-Она што е важно е младите подоцна да „го вратат“ знаењето во земјава, да го пренесат искуството за да имаме прогрес во различни сфери од општеството, а сите овие промени ни даваат мотив да бараме начин што е можно повеќе студенти и млади луѓе да се вклучат, бидејќи ова пред 15 години не било можност. Еве на пример јас кога сум студирал не било можност, па сега ги охрабруваме младите луѓе да се вклучат, да аплицираат, да бараат партнери, пријателства, бидејќи сето тоа ги збогатува нивните вештини на формален, но и на неформален начин, вели тој.
Според Ѓоргиевски има два типа на студенти, голем број на студенти што заминале и што таму си нашле работа и останале, но голем дел се вратиле тука и сакаат да направат некаква промена.
-Меѓутоа сметам дека и ние како институција и како држава треба да направиме некаква стратегија што правиме со одливот на млади мозоци. Тој проблем не е само кај нас, тоа е проблем и на Западен Балкан. Има многу позитивни проекти за тоа како требало, или како можат да се задржат и вратат младите дома, меѓутоа првиот момент е промена на самата парадигма – тоа значи дека не само што заминале е лошо туку напротив, туку тие што останале, како може да ги искористиме нивните вештини и местото каде останале за нашите студенти и млади луѓе дома, вели Ѓоргиевски.