Корисниците, главно неподвижни лица, биле оставени без храна, лекови и грижа, а нивните семејства дознале за случајот утрово, по што веднаш се упатиле пред зградата на Домот „Еди“.
Според роднините на корисниците, пожарникари влегле низ прозорецот, ги отклучиле вратите, а корисниците потоа биле итно пренесени со санитетски возила во други, блиски домови за стари лица.
Начелничката на Управниот оддел за социјална политика и млади при Приморско-горската жупанија, Драгица Марач, изјави дека на овој дом веднаш му е укината лиценцата и нема да смее понатаму да се занимава со згрижување на стари и немоќни лица.
„За среќа, сè заврши добро – луѓето се живи и здрави“, додаде Марач.
Сѐ уште не е познато каде се наоѓаат сопствениците на домот.