Во текот на овие три денови, посетителите ќе имаат можност да купат рачно изработени производи со внимателно курирана летна тематика – од уникатни модни додатоци, природна козметика за нега по изложеност на сонце, до практични аксесоари за патување. За посетителите ќе бидат изложени и накит со летна и колоритна приказна, рачно плетени шапки и чанти, летни ароматични свеќи, аксесоари за миленици, како и козметички сетови и предмети во „travel-friendly“ пакувања.
Учесници на базарот ќе бидат: Игнеа козметика, Апи Козметика, Pika.Jesmonite, Лавита Агро, ByMimiCosmetics, NallaThePittieShop, Јуник Корнер, Carino handmade gifts and accessories, Coral Jewelry, Zen.Zeal, Матројшка бренд, Шарено ќоше, Kреативно студио Алегра, Small peace of joy, Marcy’s handmade, Solar Creations, Filigree LARGO, Добро ми стои, Crochet by Fosi и Nebula jewelry.
Скопје Сити Мол како општествено одговорна компанија, активно го поддржува локалното занаетчиство и независните творци. Базарот има за цел да ги промовира и да ги истакне вредностите на рачната изработка, оригиналноста и личната приказна зад секој производ. Организаторите ја нагласуваат важноста за создавање платформа на малите производители, со што се поттикнува развојот на домашната креативна сцена, како и градење свест кај потрошувачите за вредноста на уникатните, квалитетни и одржливи производи.
Настанот е отворен за посетителите во текот на сите три денови и ќе се одржува на најфрекфентната локација на приземјето од Скопје Сити Мол.